Мултидисциплинарната комисија за историските прашања констатирала многу„проблеми“ во историските читанки од шесто и седмо одделение во Македонија, изјави министерката за надворечни на соседна Бугарија , Екатерина Захариева, во бугарскиот парламент.

Бугарија затоа достави над 30 страници со забелешки на учебниците по историја во Македонија, одговорила министерката на пратеничко прашање, пренесува бугарски „24 часа“.

Захариева информираше дека заедничката Комисија за историски и образовни прашања формирана по Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија веќе имала два состаноци, а третиот треба да се одржи до крајот на месецов.

Во ноември ќе се знае чиј цар бил Самоил!

 

 

SHARE

Оставете Коментар