Лице, осудено на 15 години затвор за вооружен грабеж, ќе им биде предадено на македонските власти од страна на Бугарија.

Лицето со ницијали  Р.Ш. било задржано на 22 август при обидот за влез во Бугарија од Македонија преку граничниот премин Деве Баир – Ѓуешево.

„Албанецот имал правосилна пресуда од Судот во Тетово од 2016 и нлог за апсење од 27 јануари 2017“ дознава бугарски „24 вести“.

По Р.Ш. била распишана и меѓународна потерница.

Откако бил идентификуван и задржан од бугарските власти, македонското Министерство за правда побарало негова екстрадиција.

SHARE

Оставете Коментар