Бугарија „падна“ под 7 милиони жители

Loading...

Бројот на населението на Бугарија падна под 7 милиони, вчера во во 14 часот 07 минути 03 секунди, покажа бројачот на населението во светот од Одделот за економски и социјални прашања на ОН, пишуваат бугарски медиуми.

„Ова е тажната вест… Бугарија е во клиничка демографска смрт, таа умира!”, ја искоментирал веста  академикот Петар Иванов, шеф на демографскиот институт на Бугарската академија на науки.

Според податоците се во петокот во Бугарија биле родени 120 бебиња и а починаа 193 лица.

„Секој ден се намалуваме за 220 лица, или 9 лица на час, а ова намалување во реалноста е минус 13 етнички Бугари и плус 4 Роми (-9 = -13 + 4)“ вели академикот според кој бројот на Бугарите се намалува и стануваат малцинство , а бројот Ромите се зголемува и стануваат мнозинство во Бугарија.

Бугарија го поминала „прагот“ од 7 милиони жители во 1946 година – пописот на населението тогаш покажач дека на 31 декември 1946-та имало 7.029.349 луѓе.

Во 1985 година, бројот на населението стигна блиску до 9 милиони – 8.948.649 луѓе.