Бугарија нема сили за Македонија во ЕУ, Аселборн се бори, шансите никакви

Loading...

Речиси никакви се шансите на Македонија да добие почеток на преговори за членство во ЕУ по денешниот санмит во Брисел.

Повеќе извори во Брисел тврдат дека Бугарија како претседавач со ЕУ се откажала од наоѓање компромис за Македонија во заклучоците.

Единствен кој се уште не се откажува од нас бил премиерот на Луксембург Жан Аселборн кој што најверојатно на барање на Жан Клод Јункер се труди да ја одржи жива дискусијата за Македонија за да се види дали е можен компромис до крајот на денот.

Сепак повеќе извори тврдат дека Македонија нема да добие преговори денеска.

Според Дени Кемп од агенцијата АФП денеска во Брисел нема договор за Македонија и Албанија нема договор за мигрантите, нема договор за реформа на еврозоната ниту за Брегзит.