Бугарија влегува во „чекалницата“ на еврозоната

Бугарската владата одобри конкретни мерки кои ќе и овозможат на земјата да влезе во девизниот механизам или таканаречената чекалница на еврозоната и во Банкарската унија до јули 2019 година

За таа цел, до јуни 2019 година, Бугарија пред Еврогрупата ќе преземе обврски да направи голем број промени.

Меѓу кои зајакнување на надзорот во банкарскиот и небанкарскиот финансиски сектор, како и врз  пензиските фондови и осигурителни компании; промени во Законот за кредитите; зајакнување на борбата за спречување на перење пари; модернизација на рамката за управување со јавните претпријатија; ратификација во парламентот на Договорот за пренос и заемно користење на придонесите во Единствениот фонд за реструктурирање.

Бугарија веќе објави подготвеност да се приклучи и на банкарската унија и на таканаречената чекалница на еврозоната.

Ако тоа се случи, Бугарија ќе биде првата европска чии најголеми банки ќе преминат под надзор на Европската централна банка и пред да биде воведено еврото.

Престој во т.н. чекалница е околу една и пол година. Според експертите, практичното за воведување на еврото може да се дискутира најрано во 2022 година.

SHARE