Бугарите не веруваат во скорешно решение за името на Македонија

Секој втор Бугарин не верува дека Македонија и Грција некогаш ќе постигнат договор за името на западниот сосед на Бугарија, покажуваат резултатите од анкетата на порталот „Днес.бг“ во која учествуваа 1.389 луѓе.

Точно 49 проценти од учесниците во истражувањето на јавното мислење се убедени дека Грците никогаш нема да отстапат за името на Македонија, така што, според нив, тешко дека наскоро ќе има конечно решение за спорот.

Оптимисти за ова прашање се само 12 отсто од анкетираните, кои сметаат дека решението е блиску благодарејќи на средбата во Софија во средината на мај.

Други 12 отсто, пак, се умерени оптимисти и веруваат дека договор ќе има, но не во следните години.

За 9 отсто од учесниците во анкетата, пак, најважна е улогата што Бугарија се обидува да ја одигра во надминувањето на проблемот, а самото негово решавање е прашање на договор меѓу двете страни.

Дури 18 отсто од анкетираните се изјасниле дека не се посебно заинтересирани за темата. За нив балканските проблеми не заслужуваат толку големо внимание и многу поважно им е, на пример, претстојното Светско првенство во фудбал!

 

1 Коментар

Оставете Коментар