Бугарите „за“ Македонија во ЕУ, најмала поддршка за Косово

Дури  61 отсто од анкетираните граѓани на Бугарија го поддржуваат пристапот на земјите од Западен Балкан во Европската унија, 16 проценти се против, а една четвртина не знаат или немаат мислење за ова.

Очигледно е дека Бугарите ја сметаат европската интеграција на Западен Балкан како национален интерес, коментираат од бугарската агенција „Тренд“ која го спровела истражувањето, пренесуваат бугарски медиуми.

43 проценти од анкетираните сметаат дека земјите од регионот ќе бидат прифатени во ЕУ во следните десет години, а 58 отсто се на мислење дека Бугарија треба да им помага на земјите од Западен Балкан за влез во Унијата.

Најсилна поддршка се изразува за приемот на Македонија (70 отсто) и Србија (67 проценти),поради како се објаснува, културната ни и верска блискост со овие држави.

Најслаба поддршка има за Албанија (45 отсто) и за Косово (42 отсто), но сепак и кај нив поддршката за прием во ЕУ е повисока отколку на оние кои се против.

Оставете Коментар