Бугарската црква не се откажа од „мајчинството“ врз МПЦ-ОА!

Комисијата за утврдување на канонскиот статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија  МПЦ-ОА не е укината, туку напротив продолжува својата работа, изјавил денеска старозагорският митрополит Кипријан.

По информациите дека Комисијата предводена токму од него прекинала со работа, митрополитот вели дека такво нешто нема:

„Постои одлука за средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј околу ова прашање на за МПЦ-ОА, изјавил митриполитот као што пренесува БГНЕС.

Комисијата беше формирана откако лани во ноември од Македонската православна црква беше побарано БПЦ да ја признае како независна црква, а бугарската црква да стане црква-мајка на МПЦ-ОА.

На почетокот на оваа година околу ова прашање имаше средба во Софија на претставници од двете цркви.

Кон средината на минатиот месец, вселенскиот патријарх Вартоломеј остро ја прекори Бугарска православна црква и ги оцени за погрешни нејзините дејства кон МПЦ.

„Мајка-црква на сите балкански народи е Константинопол. Тоа го вели историјата. А она што се дискутира (идејата Македонската црква да ја признае БПЦ за црква-мајка – н.з.) е вештачки создадено мајчинство. Бугарија не може да ве воведе во канонизам, во канонски односи со другите цркви“.

Пред два дена Синодот на БПЦ донесе одлука да не се прифати поканата од МПЦ-ОА за присуство на прославата на 1.000 годишнината на Охридската архиепископија, што во некои кругови бо Бугарија беше оценето како попуштање под притисок од страна.

2 Коментари

  1. Димче – Смилево 1903 Даме Груев

    Бугарија си е Бугарија која шовинистички е настроена кон Македонија, каква мајчинска каква ѓаволска. До кога ќе ја цицате македонската крв?

    Големи гревови оставивте во Македонија а никогаш не сте побарале прошка од Македонскиот народ. Сега се правите Ангели дури да ја фатите встапица МПЦ заедно со македонските верници за ваше брзо збогатување. Правите некакви фалшиви договори а кога доваѓате во Македонија, го убедувате Македонецот дека е бугарин и деказборува некаков си бигарски диалект. Со сето тоа вие докажувате дека не сте во служба на Господ, вие им служите на Ѓаволите. Престанете да ја правите Ќерката постара од Мајката.

    За вас Македонци не постојат, сиктер од РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, и сиктер од окупираната македонска територија каде ги убивавте и ги измачувавте Македонците.

    Зошто немате храброст да им кажете на светската јавност како им ги одземавте животите на Македонците?

    • Да станеше Дамян Груев от гроба, щеше да видиш ти, сърбоман долен!!!

Comments are closed.