Бугарски европратеници: Заев ветува, но не ги исполнува обврските!

Европратеникот Ангел Џамбазки ја обвини Македонија дека не го почитува договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија.

„Одамна требаше да се донесе серија мерки, како на пример – требаше да престане употребата на јазикот на омраза, требаше да бидат издадени учебници на бугарски јазик, да не се даваат  антибугарски изјави. Ништо од ова с’е уште не се случие. Тоа ја загрижува бугарската јавност“ вели Џамбазки.

Според него, македонскиот премиер Зоран Заев  одолговлекува„ ветува на секој ссешто, но не ги исполнува преземените обврски. И тоа нема да доведе до добар ефект и до добар краен резултат. Нашиот повик до Заев е да го почитува овој договор ако сака да продолжи да добива поддршка и од нас како европски претставници и од бугарското општество како целина “, рече бугарскиот претставник во Европскиот парламент, пренесува Днес.бг.

И европратеникот од Европската народна партија, Андреј Ковачев исто така, изрази разочарување од говорот на омраза против Бугарија во некои македонски медиуми.

„Македонија секогаш била незаменлив дел од Европа, како и дел од бугарското наследство. Сите историски спорови треба да бидат решени по пат на добрососедството, толеранција и историската правда“, изјави Ковачев за време на расправата за извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ, објави БНР.

„Во врска со тоа не можам да го скријам моето разочарување од тековните антибугарски изјави во некои македонски медиуми. Не треба да бидат симболични само физичките граници, (…) но и духовните граници, кои беа изградени од тоталитарните режими, говорот на омразата, сето тоа треба да биде надминато на патот на европската интеграција “”, рече Ковачевво расправата во Европскиот парламент.

SHARE

Оставете Коментар