Бугарски историчар: Бугарија има интерес референдумот во Македонија да успее

Бугарскиот историчар Стефан Иванов оценува дека референдумот ќе биде тест за Македонија дали ќе ги победи сенките од минатото и, според него, Бугарија има интерес плебисцитот на 30- септември за договорот Заев-Ципрас да успее.

„Тоа ќе биде тест во која насока сака да продолжи Македонија – дали ќе биде во сенките на минатото или ќе се зближи со ЕУ и ќе ги надмине лагите што ги пишува во македонските учебници“, изјави Иванов за бугарската телевизија Бугарија он ер.

„Големото прашање е дали ќе се вратиме кон фалшливата руско-српска приказна дека Македонија е нешто поинакво. Интересите на Балкански Полуостров минуваат низ Србија. Србија е автор на ‘македонската идеја’“, додава историчарот.

„Во моментов изборот е меѓу минатото и иднината. Македонците можат да посакаат да се различни или да се вратат назад и да свртат кон Бугарија“, заклучува тој, напомнувајќи дека „Бугарите во Македонија се единствени и категорични зад референдумот“.