Бугарскиот новинар Велизар Енчев му порачува на министерот за одбрана Красимир Каракачанов да се угледа на неговиот грчки колега Панос Каменос, кој пред неколку дена припадниците на мнозинската етничка заедница во Република Македонија ги нарече Бугари.

„Каракачанов, тие зборови на Каменос треба да ги чуеме од тебе, а не од грчкиот министер за одбрана. Наместо бугарскиот министер за одбрана да зборува на таков начин и да каже на висок глас дека Македонците се Бугари, ти потпиша предавнички договор со Скопје, со кој призна и ‘македонска’ нација, и ‘македонска’ историја, и ‘македонски’ јазик! Каква иронија на судбината! ВМРО дојде на власт за да капитулира пред македонизмот и да ја предаде бугарската кауза во Македонија!“, напиша Енчев на својот профил на „Фејсбук“.

 

SHARE

Comments are closed.