Бушати: Прешевска долина е дел од Србија

Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати на средбата со претставници на политичките партии на Албанците од Прешевската долина стави до знаење дека Албанија не ја поддржува идејата за промена на границите или размена на територии меѓу Косово и Србија.

За Тирана, Прешевска долина е дел од територијата на Србија, а Бушати уверува дека албанската држава ќе продолжи да бара од Србија да обезбеди уживање на сите права на  албанското население во Србија – ни повеќе ни помалку од она што го имаат Србите на северот од Косово. .

Предвидена е средба на претседателот на Демократската партија на Албанците Рагми Мустафа и негови колеги од други политички партии на Албанците од јужниот дел на Србија со премиерот Еди Рама.