Бутарис бил натепан поради Македонија

Во жесток коментар, „Катимерини“ го осуди нападот врз солунскиот градоначалник Јанис Бутарис по кој тој заврши во болница со повреди на главата и екстремитетите и, меѓу редови, весникот укажува дека причина била – Македонија.

„Зарем никој од оние стотици луѓе кои беа собранипред  Белата кула (во Солун) не беа изненадени од младиот човек облечен во црно и со црна волнена капа на крајот од мај, капа која му го покриваше целото лице?

Не беа ли луѓето што се собраа на да го одбележат турскиот геноцид над црноморските Грци (Понди) во почетокот на 20 век засрамени од вулгарностите што ги извикуваа некои кои го споредуваа Бутарис со смртоносна болест?

Зошто го толерираа поранешниот регионален гувернер кој зборуваше во име на понтиските Грци и кој пред камерите за Бутарис рече „таа колера, тој политички трансвестит, ја продаде Македонија“.

Весникот забележува дека здруженијата на понтиските Грци дадоа пригодна изјава со која ги осудуваат овие и други слични инциденти, но дали некогаш рекоа нешто против (поранешниот регионален гувернер) Панајотис Псомиадис, кој постојано зборува во нивно име и ја узурпира нивната кауза?

Псомијадис веројатно бил „лут“ на Бутарис поради неговата посета на Скопје, пречекот на премиерот Заев во Солун и неговите изјави во кои не нашата земја се обраќа со Македонијам, поради што беше цел на многу критики.

„Катимерини“ користи прилика да ги искритикува фашистите кои го удираа Јанис Бутарис, кои немаат никаква врска со здрушението на црноморските Грци, немаат никаква врска со Солун или со северна Грција…

„На крајот на краиштата, фашистите немаат нација, па затоа поддржувачите на партијата ‘Златна зора’ користат нацистичкиот поздрав, се фотографираат пред свастики и се колнат од идеологијата што била одговорна за крвопролевањето во оваа земја“.

SHARE