Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис предлага промена во работното време на продавниците во Солун, според европските стандарди.

Тој е загрижен и како што соопшти на „Твитер“, сегашното работно време на пазарот е исцрпувачко за мајките кои работат и кои имаат малку или никакво време да се грижат за своите деца.

„Предлагам воведување нов распоред според европските стандарди, на пример, од 10 до 18 часот, така што на работниците ќе им биде полесно и ќе има позитивно влијание врз сообраќајот во Солун“, напиша Бутарис.

SHARE