Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, кој во мај се најде на насловните страници на светските весници, откако беше нападнат од толпа грчки екстремисти, објави дека ќе се кандидира за трет мандат.

Бутарис ги објави своите планови, велејќи дека „ќе бидам градоначалник додека не направам 100“.

76 годишниот градоначалник вчера објави дека  одново, по трет пат, ќе се кандидира на локалните избори кои се закажани за мај идната година и дека има 10 месеци да се подготви.