Цачева: Ќе се менува законот за бугарско државјанство

Во Бугарија е формирана е работна група која до крајот на годината ќе предложи измени на Законот за бугарското државјанство, изјави денеска во Стара Загора, министерката за правда, Цецка Цачева.

Бугарија е среде скандал по откритијата и апсењата на одговорни лица во Агенцијата за Бугарите во странство кои на нелегален начин и за пари издавале уверенија за бугарско потекло.

Цачева призна дека во Агенцијата за Бугарите во странство имало проблеми со издавањето на документи за бугарско потекло,  а од  мај 2017 година до крајот на јуни оваа година, Министерството за правда предложи да биде бугарско државјанство во дури 750 случаи поради  – недостаток на доволни докази, а во некои случаи и поради лажни документи.

Работната група ќе има за задача да го промени Законот за бугарското државјанство во две главни насоки -првата е добивање на бугарско државјанство по основ на потекло, а втората поврзана со можноста за стекнување на бугарско државјанство по натурализација, преку т.н. инвестиции, дознава БГНЕС.

Партијата на Каракачанов се финансирала од продажба на бугарски државјанства