Целта е исполнета: САД нема да се повлечат од Сирија

САД нема да ги повлечат своите војници од Сирија додека не бидат постигнати целите таму, рече амбасадорот на ОН, Никки Хели. Ова доаѓа откако Вашингтон изврши воздушни напади во Сирија како одговор на наводниот хемиски напад.

САД во моментов имаат над 2.000 војници во Сирија и голем број контрактори.

Пред десетина дена претседателот Доналд Трамп најаави дека Американците ќе се повлечат од Сирија, а по нападите во саботата, рече дека целта е исполнета и дека биле уништени сите локации за кои имаше сомневање дека сириските власти наводно произведуваат и складираат хемиско орѕужје.

Хејли, во интервју за „Фокс њуз“ додаде дека САД сакаат да се обезбедат дека хемиското оружје нема да се користи на начин кој е од ризик за американските интереси. Исламската држава (ИСИС) е поразена а активностите на Иран се мониторираат.

„да биде јасно, ако заминеме , кога ќе заминеме, тоа ќе биде затоа што знаеме дека сè се движи напред“, додаде Хејли.

Запрашана за односите меѓу САД и Русија, таа рече дека се „многу напнати“, но САД сеуште се надеваат дека ќе се поправат.

Во исто време, американската мбасадорка во ОН ги отфрли сите билатерални контакти со сириската влада и појасни дека Вапшингтон нема да има директни разговори со властите од Дамаск.

Оставете Коментар