Централен регистар бара книжевник, професор по географија, гимназијалци

Централниот регистар објави jавен оглас со кој ќе се вработат 34 лица, дел од нив со средно образование и со плата до 30 илјади денари.

Покрај оние со завршено средно со огласот се бараат и лица кои дипломирале на книжевност, одбрана или географија.

Платите за работните позиции се движат меѓу 23 991 до 53 101 денари, во зависност од обврските и задачите што произлегуваат од нив.

Огласот е објавен денеска, пишува порталот „Факултети.мк“.