Цензурираната колумна на Апасиев за “сороспискиот хор”

Ви ја презентираме колумната која што не можеше да биде споделена од засега непознати причини. Авторот има информации дека причината лежи во цензурата воведена од страна на владата која блокира портали и социјални мрежи во обид да спречи јавна критика.

Проф. Димитар Апасиев

Последната вербална дијареа на Сороспиите (Против Фрчко и компанија)

Натофундаментализмот во Македонија, инициран и поттикнуван од една самонаречена елита на „социјалдемократите“ и слични сателити кои гравитираат „лево од центарот“, е моментно најголемиот современ непријател на Републиката!

Сакајќи оваа штетна и фејкерска појава да ни ја прикажат како „спасоносна операција за државата“, овие интелектуални Сороспии се унижуваат до сопствено непрепознавањe и бесмисла, само и само да си ги одработат однапред штедро платените надници. Во овие карикатурални ликови ја гледаме сета нестварност на човекот и сета стварност на нечовекот.

Сите овие проамерички аргати кои се одмочуваат од само една насмевка на некој странски амбасадор – камуфлирани во разно разни професори, уредници, новинари, колумнисти и други „сатанисти“ (замаскирани во аурите на разно-разни фрчковци, најчевци, геровци, тричковци, ордановци, ружиновци, кабрановци, кокалановци, ероловци, гораневци, денковци, јаневци и други слични борјаневци) – ја вознемируваат широката публика, како наводни „опинион-мејкери“, со божемни апокалиптични сценарија во случај на неуспешен референдум, не можејќи да сфатат дека баш тој неуспешен референдум е спасоносен за Републиката и првата почетна точка кон нашата посветла и просперитетна иднина, која зависи од нас самите.

Доколку не успее референдумот, Македонија во перспектива ќе влезе во ЕУ со нејзиното уставно име и никако поинаку! НАТО приказната тука ќе биде завршена, бидејќи и онака Македонија не е земја со атлантска, туку со европска култура и историја. Впрочем, Тито тоа најдобро го знаеше, па затоа ги направи „Неврзаните“.

Ова гнасно пропагандно користољубие на горенаведениот соросписки хор, сиот нивен предреферендумски дилентантизам со кои одработуваат за сумите со кои се преплатени и за жиро-сметките за кои се опсесивно лукративно врзани – слободно можеме да го сместиме во категоријата на антинародна публицистика.

Највисок степен на професионално и персонално унижување е кога ќе видиш „успешни луѓе“ кои до април тврделе едно, како од мај имаат дијаметрално спротивни ставови, за едно исто идентитетско прашање – фундаменталното прашање за самоопределување на народите! Тоа е свето и неприкосновено право за кое се воделе народно-ослободителни и антиколонијалистички војни насекаде низ светот, но за овие петоколонаши и квислинзи нема ништо свето, сè е бруто или нето.

Со истите овие шарени лаги и излитени фори за ЕУ и НАТО нè лажеа кога се распаѓаше Југославија; истите шарени лаги ги слушавме кога си ги продаваа државните фирми во криминалната приватизација; истите лажги со опашки ги имаше за време на граѓанската војна во 2001, истото ова го имаше за време на територијалната поделба 2004, истото го има и денес, додека си ги местат тендерите и си ги запослуваат швалерките!?

Триесет години реприза! Триесет години фабрикувани будалаштини, додека пола држава се исели во нормалниот цивилизиран свет, за нивните деца да работат „државно“. Вашите деца сега се далеку од корумпираните елити на комуњарите и вмроидите, но се далеку и од вас – токму заради ваквите профитерски непрокопсаници. Оваа црвенобуржујска клика, која уште од времето на Југославија е научена на привилегии, ќе стори се истите да ги зачува! Немојте во тоа да се сомневате.

Овие системски конвертити паразитираат во секој режим, умешно верглајќи ги своите научени стихотворенија. Тие не даваат ништо друго освен празни зборови, а сакаат другите да дадат сè. Затоа социјалдемократијата зборува „а-ла-Тарзан“ англиски, а народот си цепа вулгарен македонски.

Ете, затоа ние не се разбираме. Овие патријарси на милитаризмот, кои не ни прават разлика помеѓу ЕУ и НАТО, го убедуваат осиромашениот и испокраден плебс, кон кого гледаат со одвратнотилук и висока доза на презир, дека е „набањат и недугав“, па затоа треба влечен за уши да излезе на претстојниот илегален референдум за самоукинување. Ох, каква детинеста наивност од страна на овој опортунистички џган.

Нивниот владин догматизам кон Јенките не може да се смисли без мантрање. Нема политички супстрат, ама има мантра! Мантри и само мантри: „НАТО ќе не брани, ЕУ ќе не храни“ – велат нивните мозочно заѕидани медиумски папагалчиња. Притоа, тие не ја гледаат општата изопаченост, алиенираност и декадентна расипаност на новопечените јавни функционери и директорчиња, кои нема ден, а да не направат скандал од национални размери. И тоа на наша сметка. Со наши пари!

Ова свесно фалсификување на реалноста го прават купени за ситна и не толку ситна кешарија. Без грам кредибилитет ги верглаат научените рефрени на семинарите, како вечити драскања на тастатурата и твитовите во виртуелниот свет во кој живеат. Овие шверцери на сопствените животи и апологети на силата наспроти Правото, кои за личен профит се спремни дури и да се самоукинат и испарат, ја создаваат нечовечната стварност во која битисуваме сите ние. Контаминираат, плашат, стигматизираат, етикетираат, навредуваат… И очекуваат да не им биде реципрочно возвратено.

Побеснети се затоа што операцијата „самоукинување“ не им оди со планираната динамика. Слободоумниот, разумен и обичен народ дава непредвидлив и неочекувано јак и стихиен отпор, олицетворено преку разноликоста на движењето #Бојкотирам! Тоа ги шашардисува нивните редови и ги прави здивени, со пени на устите. Тоа се таков калибар на луѓе, кои – да претпоставиме дека сме во НОБ за време на Втората светска војна – би ги презирале „парталавите и идеалистички настроени млади партизани“ и истите би ги предале на спастрените и цивилизирани окупаторски наци-војници. Тоа е таа структура на луѓе од која се срами секој чесен и воспитан човек.

И тие сега нам ни велат: „Вие сте ретроградни елементи“!? Ние кои го носиме пламенот на Револуцијата против Стариот режим на груевизмот, кои ги гаиме идеалите на непокорот и борбата за подобро утре, кои си ја ставивме главата в торба кога беше противправната претседателска аболиција на криминалците, кои сме спремни да изгинеме сите до еден за левичарската кауза во која веруваме, кои уште се влечеме по судниците на „реформираното судство“ – е токму ние нема да дозволиме да нè доведете во дефанзивна позиција! Достоинствено и неподмитливо одбиваме тоа да ви го допуштиме.

Тука сме да ве напаѓаме, а не да се браниме. Дојде времето нашиот свет да стане против вашиот! Овој пат до крај. Ако треба и преку нова есенска Црвена револуција, во случај да го лажирате народниот гнев кој тлее. Оти, сама се дига фуријата. И немојте да се сомневате во моќта на нашиот пркос! Бидете сигурни: ќе ја пресечеме секоја рака што ќе се осмели да го изманипулира народот.

Ете затоа #Бојкотирам. Оти пролупаната социјалдемократија веќе не е секси, другари! Берете памет и поздрав од Јакобинското крило.

Автор: Димитар Апасиев, член на президиум на Левица

Објавено на Антропол.мк

3 Коментари

  1. Како е можно еден ретардиран тип како Апасиев да стане професор? Што се случуваше во Македонија вакви идиоти да станат професори?

    • Da da ne vi e jasno u VLADA znaeme, imajki u vid kako gensekot vas Raskoski e doktor na nauki so 7 doktorata 🙂 Ne vie jasno kako vakov mlad covek kogo ne mozete da go potplatite ve jade zivi i ve ubiva u poim so argumenti:)) Ke vi stane jasno posle 30 septemvri:)

Comments are closed.