Чекањето пред вратите на ЕУ – подолго од вечност!

Loading...

Од Македонија се бараше договор за името и сега, откако дојде, се прават опструкции во најлош можен момент… Датум има, но за датумот повторно ќе се разговара и ќе се преоценува, констатира авторот на анализата на „Дојче веле“ насловена како „Француска врска“.

„Дали беше лицемерно она што Макрон го кажа за време на својот ‘голем говор’ лани во септември на Сорбона, целосно посветен на Европа. Тој тогаш рече: ‘Вистинското прашање овде е единството. Европското единство е нашиот најголем успех и најскапоцена вредност…’

Дали во тоа европско единство нема место за Македонија? Или треба да чека уште десет години за да стане дел од тоа единство, кое дотогаш може да се распарчи.

Има еден парадокс со времето – ако во најдобар случај Македонија ги заврши преговорите со ЕУ во 2025 година ќе поминат 35 години од нејзината независност. Тоа е огромен период, цела една ера во чекање и пропуштени можности најмногу благодарение на неспособните домашни политички елити.

Тоа еднакво на времето во кое Тито ја водеше Југославија по војната – цели 35 години. Тој период изгледаше како вечност, ова чекање наликува на повеќе од вечност“, констатира колумнистот на „Дојче веле“.