Често патувал дома во Македонија, карабињерите го уапсиле за исламски тероризам

Италијанската полиција вчера привела македонски државјанин, осомничен дека се подготвувал да изврши терористички напад во името на џихадистичката група Исламска држава, јавуваат италијанските медиуми.

Уапсениот Агим Мифтаров роден во 1989 година, бил уапсен во центарот за депотација на мигранти во Плацо Сан Џервазио во јужна Италија, откако полицијата забележала невообичаени активности на неговиот профил на Фејсбук.

Според антитерористичките експерти Мифтаров  „подготвувал на терористички акти“, за кои е предвидена затворска казна од пет до десет години.

Мифтаров преку интернет читал пропагандни содржини на ИД и прегледал речиси 900 видеа за обука на терористи.

Полицијата информира дека според изјави на сведоци, тој се „самообучувал за евентуални идни терористички активности во кризни региони како Сирија“.

Мифтаров во Италија работел како шумски чувар и често патувал за Македонија. Полицијата почнала да го следи при неговото враќање во Италија лани во ноември, по што во април бил задржан при обид да замине за Македонија и бил префрлен во центарот за депоратција.

1 Коментар

Comments are closed.