“Четвртиот блок“ започна кампања „контра“ менување на името на референдум

Се повеќе разочарани приврзаници на оваа и предходната влада и припадници на таканаречениот „Четврти блок“ кои што не се дел од некоја од политичките партии како СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ или Левица започнуваат спонтана кампања против менување на уставното име на референдумот кој го најави премиерот Заев за есеноска.

Луѓе кои што до вчера тврдеа дека мора да се направи компромис за името или ги поддржуваа политиките на една или друга политичка партија спонтано реагираат на насилничкото однесување на Грција особено откако се виде дека и покрај преминувањето на црвените линии од страна на Владата во Скопје, Ципрас не сака да направи било каков компромис.

Денеска на социјалните мрежи реакции на двајца млади образувани луѓе, кои имаат свој став за состојбите и кои иако генерално остро ги критикувале политиките на ВМРО – ДПМНЕ во последниве години а никогаш не биле членови или не застапувале ставови на партија.

Марио Шаревски е геополитолог по струка, ги разбира одлично меѓународните односи и глобалните и регионални трендови но и домашните прилики. На референдумот ќе гласа против промена на името од јасни причини.

Само нешто да кажам:

Зошто јас, лично, како Марио Шаревски, согледувајќи ги сите новости околу најбитните политички случувања во нашата земја при здрава свест ќе гласам ПРОТИВ на евентуален референдум на кој полнолетните граѓани би го дале своето мислење по однос на понуденото решение за т.н. спор за името.

Ги ценам напорите на нашата влада, која верувам дека преговара и се залага за решение, со најдобра намера за да обезбеди можности за подобар живот на секој граѓанин/државјанин под нејзина управа (да не речам: јурисдикција или поданство), меѓутоа она во што не верувам и ме поттикнува на одлуката да гласам против се недовребата кон искрените намери на спротивната страна – Грција.

Имено, и покрај сета историја помеѓу Македонија и Грција, најновите последни чекори, мене ми укажуваат дека тие немаат искрена намера, туку крајна цел е (послабиот противник односно ние) Македонија да се обезличи, без да се дојде до решение, а овој „спор“ да служи како алатка за натамошно одржување на надмоќната позиција и постепено подривање на нашето постоење, веројатно до наше уништување или исчезнување под било каков идентитет (личност) кои сами по слободна волја и свест го имаме. Па така, и во последните чекори на градење доверба и добра волја каде македонската страна промени име на автопат, аеродром, ретерираше во „поцврстиот“ став во моментот кога официјално нашата влада застана зад едно решение („Илиденска Македонија“, за мене лично неприфатливо) токму тогаш другата страна и тоа го одби, без и таа да направи некои особено видливи чекори на добра волја и градење доверба?!

Сега кога е прикажана и од нашата власт е соопштена рамката, каде последниот чекор е грчкото собрание да го ратификува решението, откако кај нас со просто мнозинство, со рефрендум и потврда на неговиот исход од нашиот законодавен дома, нешто ми вели дека тука ќе заглави целата работа, ние ќе го „смениме“ името, а тие нема да го ратификуваат тоа за пак да се оградени и пак да имаат основа за нешто друго понатаму да не сопираат. Ако не грешам, и привремената спогодба (на основа на која Македонија покрена и доби спор пред меѓународниот суд во Хаг) од 1995 година не е ратификувана во грчкиот законодавен дом. Можеби грешам, но дополнително што ми вели дека не треба да се согласам со решение е и што официјални лица, претставници, воени единици на соседната наша земја не нарекувале „циганоскопјани“, дека ќе прават врвци за чевли од цревата на нашите утроби итн.

Во прилог споделувам, еден след на пишани дела од Македонци и странци уште од втората половина на XIX кои на различен начин се ист оној тек кој довел до тоа во 1944 да се создаде државна творба со име Македонија (која била Демократска, Федеративна, Народна, Социјалистичка, но секогаш само Македонија) која пак во 1991 година ја стекнала својата независност како Република Македонија, а патем низ годините се кодифицирал и македонскиот јазик кој како таков е признаен и во документи на ООН (дури во 70-тите и на кофреренции во Атина!), се изучува на катедри во светот, а јас како човек, граѓанин, државјанин (само) на државата Република Македонија со нејзиниот пасош и државјанство сум посетил десетици земји во светот, вклучително и сум стекнал и образование во странство, а сега живеам, придонесувам и сум мирољубив граѓанин Македонец на Република Македонија, и сакам светот да го прифати тоа и гледам дека го прифаќа, а разбирање имам за онаа страна која и пречам, па затоа и гледам што помалку да имам односи со неа, бидејќи и пречам што постојам, но да ми се наметне пред сите останати да се променам онаков каков што сум само само заради нејзината желба, не би можел и нема да прифатам, пишува Шаревски .

фото: Марио Шаревски

Иво Босилков магистрирал во областа на политичката комуникација на Универзитетот во Амстердам, како дел од програмата Еразмус мундус екс новинар познат по своите критички ставови кон политиките кои ги сметал за штетни особено во времето на предходната влада. Сега во зависност од тоа која опција е подобра за пропаст на референдумот така ќе се однесува, или ќе гласа против промена на името или ќе го бојкотира народното изјаснување:

Како и другарот Марио, чие мислење вреди повеќе од мислењето на било кој друг, јас исто така на референдум ќе гласам против, или ќе го бојкотирам, во зависност од калкулацијата според која би пропаднал. За мене не се работи за името, се работи за принцип. Кон силеџии кои од позиција на моќ со уцени те принудуваат на понижувачки, тотално апсурден преседан, само поради нивните ирационални комплекси и ништо друго, отпорот е должност. А ако на некој му е тешко да пружи отпор само поради принцип, тогаш треба да знае дека со прифаќањето на силеџиството не се менува ништо: во ЕУ (која што во моментов е на стаклени нозе) сигурно не би влегле барем уште една деценија, а за потоа веројатно исто така нема, со оглед на тоа што граѓаните на мнозинството земји членки се цврсто против проширување. Наместо прикачување кон ЕУ цицка што ќе ни ги реши проблемите, фатете се за работа, покажете знаење и способност, и следете ги вредностите и идеалите на ЕУ како насока во внатрешните и надворешните проблеми, смета Босилков кој е поранешен новинар на Канал 5.

насловна фотографија Иво Босилков