Чкатроски: Македонија веднаш во НАТО, во ЕУ во 2022, Лондон ги укинува визите

Политичкиот аналитичар Даме Чкатроски смета дека нема никакви дилеми дека Македонија брзо ќе стане следна членка на НАТО. Тој е уверен дека за 5 години земјата ќе стане членка и на ЕУ.

„Македонија веќе е јасно дека ќе биде 30 член на НАТО алијансата. Веќе е тоа готова работа.
Околу ЕУ ќе биде драматично до последен момент но Македонија преговорите за членство ќе ги отпочне во 2018 и тие за жал на скептиците ќе завршат до 2022 година. Македонија ќе биде член на ЕУ во 2022 година“, смета Чкатровски кој е соработник на неколку меѓународни тинк тенкови.

Според Чкатровски оваа година има уште новости за земјава.

„Велика Британија до крајот на оваа година ги укинува визите за Македонија. Македонската дипломатија веќе работи на сличен проект со Канада, каде Канада би не ставила во групата со Бугарија и на крај Австралија веќе од 1 септември 2018 година за Македонците ќе воведе специјален режим за издавање на визи“, тврди Чкатровски.

Според него ова се добрите вести за 2018 година а ќе има уште многу. Македонија е веќе дел од НАТО и ги отпочнува преговорите со ЕУ.

„Веќе сме од другата страна на портирницата. Групата Западен Балкан за нас е само минато“, смета аналитичарот во изјава за expres.mk.

Оставете Коментар