Член на ИО на СДСМ: Умрете “Вмровци”, на потег ОЈО (ФОТО)

Loading...

Директорот на агенцијата за заштита и спасување Аднан Џаферовски преку социјалните мрежи им порачува на своите политички противници од ВМРО-ДПМНЕ дека за Македонија е подобро тие да умрат.

Овој висок функционер на владеачката партија и член на ИО на СДСМ мора да биде гонет за говор на омраза од страна на Јавното обвинителство ако таму навистина ги почитуваат законите.

Од кривичен прогон не го спасува ни тоа што по реакциите во јавноста го тргнал статусот во кој искажува искрени желби да умрат сите вмровци.

Кривичното дело е сторено, на потег е ОЈО кое што треба да докаже дали слуша гласови од јавноста селективно.

Предходно обвинителството по допрен глас започна истрага за говор на омраза за Миленко Неделковски и неговите нечовечки коментари за загинатите во пожарите кај Атина.

Оставете Коментар