Членот на “Охрид групата” Хавиер Солана одбиен за влез во САД

Екс генералниот секретар на НАТО и некогашен ЕУ претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика не добил влезна виза за САД.

Причината е во тоа што тој неодамна патувал во Иран, земја која САД пред еден месец ја стави на црна листа за патување.

Хавиер Солана како граѓанин на Шпанија има право без виза да престојува во САД три месеци но за да биде сигурен дека може да влезе во земјата тој се обидел да добие електронска потврда дека со неговиот влез се е во ред.

Според шпанските медиуми Солана не успеал да добие електронска потврда што значи дека без виза добиена во амбасадата на САД во Мадрид можно е да не биде пуштен во Америка.

Официјално за весникот Ел Паис Солана изјавил дека се е во ред и дека во тек е процедура за добивање виза но весникот тврди дека тој веќе пропуштил настан на Брукингс институтот.

Солана заедно со Џорџ Робертсон, Карл Билд и уште неколку други експерти е дел од Охрид групата која што треба да лобира за побрз влез на Македонија во Нато и ЕУ.

Охрид групата пред два дена испрати писмо до премиерите на ЕУ членките со барање за побрз влез на Македонија. Во писмото се зборува за Северна Македонија.

1 Коментар

  1. Шекеринска прати писмо до 29 држави за прием во НАТО потпишано под името како Република Северна Македонија!
    Прашање: Што прави претседателот Иванов?

Comments are closed.