Членски книшки на СДСМ на протестот на опозицијата

Неколку учесници на протестот на опозицијата против владеењето на СДСМ и ДУИ вечерва ги покажуваат своите партиски членски книшки од СДСМ.

Дел од нив велат дека не се откажуваат од својата партија но не го поддржуваат сегашното раководство кое води погрешни политики.

Книшките не ги кинат, затоа што очекуваат подобри времиња за својата партија.

Засега на протестот нема инциденти иако освен членови на ВМРО – ДПМНЕ се присутни и членови на владеачката партија.

SHARE