Човекот на Милошевиќ што го бркаше НАТО сега му чува грбот на Заев за влез во алијансата (ВИДЕО)

Лидерот на Српската напредна странка за Македонија Драгиша Милетиќ е во првите редови на денешниот собир за промена на името и влез во ЕУ и НАТО.

Проблемот со Милетиќ за разлика од голем број други политичари кои од секогаш биле за НАТО е што тој во минатото отворено се залагаше за бркање на НАТО од Македонија.

На видео од времето на Косовскиот конфликт Милетиќ кој тогаш беше лидер на Српската радикална странка тој повикува на бркање на НАТО од Македонија.

Драгиша Милетиќ беше човек кој важеше за многу близок на режимот на Слободан Милошевиќ а сега е советник за малцински права на премиерот Заев.

Во јавноста беше предмет на шеги кога на локалните избори во 2013 година во 5 до 12 при раскол во СДСМ му го позајми печатот на својата партија на Стевче Јакимовски кој подоцна во судир со СДСМ победи во трката за градоначалник на Карпош.

Во видеото подолу јасно се гледа какви ставови имал сегашниот голем поборник за влез во НАТО

1 Коментар

Оставете Коментар