Чудо во четвртфиналето на Ролан Гарос: Чекинато го елиминира Ѓоковиќ!

Седумдесет и вториот тенисер на АТП-листата Марко Чекинато приреди големо изненадување со пласманот во полуфиналето на Ролан Гарос преку 12-кратниот гренслем-шампион Новак Ѓоковиќ.

Чекинато ја искористи четвртата меч-топка и славеше со 6-3, 7-6 (4), 1-6, 7-6 (11) по три пол часа игра против освојувачот на турнирот пред две години, станувајќи првиот италијански полуфиналист во Париз по 40 години.

Изненадувањето да биде поголемо, осмиот Италијанец што се пробил меѓу четворицата најдобри на гренслем-турнир во четвртиот сет се врати по водството од Србинот од 4-1, а спаси и три меч-топки пред триумфот на кариерата.

Противник на Чекинато во полуфиналето в петок ќе му биде Австриецот Доминик Тим, кој во првиот четвртфинален дуел беше подобар од Германецот Александар Зверев со 6-4, 6-2, 6-1.

Во двата преостанати меча од ова ниво од натпреварувањето утре ќе играат Марин Чилиќ со Хуан Мартин дел Потро и Рафаел Надал со Диего Шварцман.