Чудо во Мексико: 100 луѓе преживеаја пад на авион

За спасувачите било вистинско чудо кога откриле дека има само повредени патници по паѓањето на авион на “Аеромексико” синоќа околу полноќ по средноевропско време.

На објавените фотографии се гледаат зашеметени патници ки излегуваат од паднатиот авион кој е целиот во пламен.

Во авионот имало 101 лице, меѓу кои четворица членови на екипажот, а според локалните медиуми повредени се 85, од кои 45се хоспитализирани.

Авионот паднал неколку минути по полетувањето од аеродромот во градот Дуранго, а  причина ајверојатно било лошото време.