Во Фиренца денеска беше извршен погребот на капитенот на Фиорентина Давиде Астори кој во неделата рано почина како последица на срцев удар. На последното патување на омилениот колега беа голем дел од ѕвездите во Калчото како Буфон, Пјаниќ, Тоти, Ел Шарави, Толдо, Ди Бјаџо, Ван Бастен кои заедно со илјадници навивачи му изразија почит на Астори.