Ципрас да распише избори на 20 август, бара Мицотакис

Лидерот на опозициската Неа демократија, Кирјакос Мицотакис, во денешното интервју за „Athens voice“ одново го повика премиерот Алексис Ципрас да распише предвремени избори.

„Единственото нешто што му остана на Ципрас да направи е, на 20 август, денот кога завршува програмата (за економски спас на Грција н.з.), наместо да слави да повика на избори“ вели Мицотакис.

„Земјата нема што повеќе да очекува од г-дин Ципрас, апсолутно ништо. Ниту од Ципрас, ни од неговите министри, ниту од неговите идни министри, во случај на реконструкција која ќе биде направена само за да се фрли пепел во очите на јавноста“, вели лидерот на Неа демократија.

Тој го критикуваше премиерот и владата за лошото справување со пожарите во Атика од 23 јули во кои загинаа 92 лица, а бројката постојано расте.