Договорот потпишан помеѓу Атина и Скопје во јуни за решавање на речиси 30 годишниот спор околу името на Поранешната Југословенска Република Македонија не ѝ беше „наметнат“ на соседната земја, рече премиерот Алексис Ципрас од говорницата на 73-тото Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, пренесува „Катимерини“.

Тој рече дека Грција активно ја унапредува стабилноста и економскиот раст на Балканот преку својот дијалог со Албанија, но најмногу  преку „историскиот“ преспански договор, кој „може да се користи како модел за решавање на разликите“.

„Тоа е договор кој не се појави со наметнување на интересите на посилните, туку беше взаемно прифатлив, за одбрана на достоинството на двете страни“, рече тој, истакнувајќи дека ќе го отвори патот за членство во ЕУ и НАТО за БЈРМ.