Грчкиот премиер гo нарече „историски момент за грчката надворешна политика“ случувањата во Македонија, за време на денешната церемонија на примопредавање во Министерството за надворепшни по која Алксис Ципрас ја презема и функцијата  шеф на грчката дипломатија.

„Денес е историски, симболичен ден за нашата надворешна политика“, рече Ципрас по синоќешното гласање во парламентот во Скопје.

„Во 2015 година, наследивме земја не само со финансиски проблеми, девалвирана на пазарите и пред кредиторите, пародија на меѓународната економска сцена, туку и земја со деградирана геополитичка улога“, рече Ципрас според ко,ј сега е надграден „престижот и геополитичката динамика на земјата, таа е водечка сила на Балканот и столб на стабилност во Источниот Медитеран, а во исто време се шири”.

SHARE

Оставете Коментар