Ципрас го одбил Макрон за учество во нападите во Сирија

Грчките вооружени сили нема да учествуваат во каква било можна воена операција во Сирија, изјави премиерот Алексис Ципрас за време на телефонскиот повик во четвртокот со францускиот претседател Емануел Макрон, иако  ја осуди употребата на хемиско оружје.

Ципрас ја истакнал потребата од одлучувачки иницијативи на ЕУ во потрагата по мирно решение врз основа на предлогот на Шведска, изјавија владини извори.