Ципрас говори за голема победа со името !?

Loading...

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, го опиша договорот за Скопје како „голема победа“ на грчката страна, бидејќи „добиваме идентификација пред името ’Македонија“, пишува атински „Катимерини“  според кој, грчкиот премиер рекол дека „ние напредуваме да го браниме националниот став“

Ципрас денеска имаше средба со градоначалникот на Солун, Јанис Бутари, за текот на преговорите.

Опозициската Неа демократија вчера во два наврати го прозва премиерот да се изјасни дали предлогот „Илинденска Македонија“ е се уште на маса.

Ципрас, се чини одговори, и осврнувајќи се на критиките премиерот истакнал:

„Слушам некои што велат, не испорачувајте….Нашите северни соседи, пред повеќе од 70 години, имаат државен субјект во рамките на југословенската федерација или како автономна држава, наречен ‘Македонија’. И тие носат име кое, без каква било друга претставка, е име кое се однесува на античкиот грчки свет и на големото културно наследство на грчка Македонија, и тоа е она што ние ќе го ‘вратиме’. Не е лесно“, истакна Ципрас кој дообјаснил:

„…ова е оксиморон, дека имаат државен ентитет кој 70 години се нарекува ‘Македонија’, но тие немаат никаква врска со Александар Велики и неговиот историски пат. Тие имаат словенски и албански корени и тие го признаваат тоа“, вели Ципрас

Според него извојувањето на претставка пред името Македонија е голема победа, а уште поголема зашто „нашата (грчка-н.з.) Македонија произлегува од долгата традиција на древниот грчки свет и неговата традиција…“, истакнал Алексис Ципрас.

Тој уште дообјасни дека не го игнорира  (северниот сосед) „ние не мислиме дека тој не постои, но сметаме дека тоа се две сосема различни работи, и сметаме дека е време да коегзистираат, да соработуваат и да живеат мирно за доброто на нашиот регион“.

2 Коментари

  1. Грција НЕМА монопол врз историското наследство на Античка Македонија!

  2. Грција НЕМА монопол врз историското наследство на Античка Македонија !
    Македонска Влада треба да преземе мерки да ја блокира Англиската – САД ENG Википедија, како што направи и Турција, поради ФАЛСИФИКУВАЊЕ Историја! Антички Македонци не биле Грци!

Comments are closed.