Ципрас, конечно, стави кравата!

Грчкиот премиер Алексис Ципрас се појави со кравата денес на средба со коалициониот партнер „Независнi грци“  на која беше прославен постигнатиот договор на Грција со Еврогрупата со кој земјата  официјално излегува од финансиска криза.

Ципрас, на средба со италијанскиот премиер Матео Ренци во 2015 година доби на подарок кравата, но рече дека нема даја стави се додека земјата не излезе од финансика криза.

 

 

Минатата недела, на потпишувањето на договорот во Преспа, макеедонкиот премиер Зоран Заев ја извади и му ја подари својата кравата на грчкиот  колега, но тој ја стави во џеб, држејќи се до ветувањето дека ќе го чека денот кога Грција ќе излезе од финансиска криза.

SHARE

Comments are closed.