Ципрас не отстапува од „ерга омнес“, му порачаа на Иванов од Атина

Loading...

Грчката влада експресно реагираше на вчерашнпото соопштение  од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов дека за шефот на државата е неприфатливо ерга омнес име во евентуалниот договор со Грција.

Одговарајќи на изјавата од канцеларијата на Алексис Ципрас повторија дека дека ставот на грчката влада е „содржаен и јасен“.

„Решението и пристапот на Македонија во НАТО и во ЕУ бара договор за сложено име со географски или временска одредница, кој ќе биде за севкупна употреба како и промена на уставот“ стои во соопштението на грчката влада, во која се повторуваат барањата кои беа поставени уште на рестартуирањето на разговорие со посредство на Обединетите нации, пренесе атински „Катимерини“.