Ципрас: Не признаваме македонска нација, никогаш нема да ги нарекуваме Македонци

Loading...

Грчкиот премиер Алексис Ципрас му создаде нови неприлики на својот македонски колега Зоран Заев за време на неговиот настап на државната грчка телевизија ЕРТ каде што настапи во дебатна емисија со двајца грчки новинари.

Откако од новинарите беше нападнат дека постигнал лош договор за името Ципрас и дека Грција капитулирала тој излезе со став кој што е дијаметрално спротивен на позицијата која што завчера во Скопје ја потенцираше Заев.

Македонскиот премиер тврди дека со договорот се бетонира македонската нација и јазик.

„Не признаваме македонска нација…никогаш нема да ги нарекуваме Македонци, ние секогаш ќе ги нарекуваме Славјаномакедонци“, изјави Ципрас во дебатата.

Според него соседниот народ само се нашол на територијата на поширока Македонија но дека тој нема никаква врска со грчката историја и хеленската култура и тоа во договорот е мноју јасно прецизирано.

Видеото од Ципрас за Македонија почнува околу 16.30

3 Коментари

  1. EDEN, citas li sibicaru eden na baterii, sega jasno ti e za kakov identitet ovde mi mackas oci?!?!?!
    Od ova pojasno zdravje!
    Odi legnete si i ti i tvoite sponozrusi

  2. Што не ти е јасно? Ние сме Македонци од словенско потекло или Славјаномакедонци. Што има погрешно во тоа? Имаш ли ти појма од историја? Нормално дека немаме никаква врска со грчката историја и хеленската култура. Ние сме дојдени на овие простори 1000, и со букви ИЛЈАДА години после смртта на Александар Велики, кога овде не постоела НИКАКВА ТРАГА од него и неговото царство.

Comments are closed.