Ципрас обвинет дека преговара без напишана домашна задача

Водечкиот грчки медиум во уреднички коментар тврди дека комуникациската стратегија на владата на Ципрас за името е светски новитет досега невиден никаде.

Катимерини пишува дека левичарската влада одеднаш решила да преговара со Скопје без предходно да ја напише домашната задача а Ципрас никогаш не нашол време да се консултира со лидерите на опозицијата со цел да утврди сет на компромисни решенија.

Преговорите се движеа напред назад во зависност од внатрешната политичка агенда, пишува весникот според кого најголем дел од информациите за името доаѓаат од Скопје затоа што владата во Атина решила да ја држи грчката јавност во мрак.

Големиот оптимизам постојано беше следен од апсолутен песимизам што ги збунуваше луѓето и затоа мора да има потрезвен начин за справување со ова важно и деликатно прашање, пишува влијателниот медиум близок на опозициската Неа Демократија.