Ципрас оди на избори – кои мерки ги презема, знае ли Заев?

Западни дипломати и новинари во Атина предупредуваат дека договорот со Македонија може да пропадне поради најновите планови на грчката влада.

Имено, деновиве владата на Сириза ги задолжила сите министерства да ги започнат сите планирани проекти веднаш со цел да се обликува јавното мислење до есента кога се очекува распишување на предвремени избори.

Според дел од медиумите Сириза од Германија бара и дополнителна финансиска помош за Северна Грција каде се случува бунт против Преспанскиот договор. Финансиска помош треба да обезбеди социјален мир на незадоволните од преговорите со Македонија.

Во извештаите за можни предвремени избори кои ги имаат европските дипломати во Атина се наведуваат мерките според кои реиси извесно е дека по анкетата со која СИРИЗА има само 4 проценти заостаток зад Неа Демократија, Ципрас ќе реагира брзо.

Ова се дел од мерките:

1. Министерството за социјална работа да ја отвори и брзо да ја промовира новата работна програма за регрутирање на 25.000 работници во 274 општини низ целата земја. Брзината што Министерството за труд се движи да ја води оваа програма е без преседан. Иако е предвидена за наесен се спроведува сега. Програмата за социјална работа за локалните власти ќе започне со регрутирање на 10.000 невработени со специфични критериуми, а потоа (очигледно до септември) и на уште 5.000 од приватниот сектор и социјалните и солидарните економски агенти. Програмата започнува на 10 јули, работата во јавниот сервис е околу 8 месеци до целосна вработеност, со 495,25 евра месечно за невработените од 25 години и повеќе и 431,75 евра за невработени под 25-годишна возраст со вклучена преку 120 часа обука.

2. Вработување на 1000 медицински персонал и уште толку волонтери за туристичката сезона.

3. Регрутирање по завршување на средно школо за работа во грчки полициски сили како сезонски персонал, во 12 поголеми општини во земјата.

4. За да спречи масовен распад на партиската база по Преспанскиот договор. АНЕЛ отвара канцеларии низ територија на Грција кои емитуваат пораки дека ќе има избори наесен односно по референдумот во Скопје.

5. Низа бенефиции за припадниците на Армијата

6. Зголемување на пропагандата на Сириза на специјални информативни состаноци во Грција

7. План на Сириза за доделување на нови бонуси [13та плата] преку доделување на субвенции на луѓе кои работат во услужна приватна дејност.

8. Брзо распишување на тендери и грантови за развој на ИТ индустријата поврзани со активности на владата за дигитализација и медиуми. Промовирање на алатки за отчетност и 6 јавно сервисни програми за емитување на вести.

9. Програми за директно финансирање, особено оние што вклучуваат мали и средни претпријатија, како и отворање на мали и средни претпријатија за туризам или за мали угостителски продавници.

9. Издвојување од буџетот на 700 милиони евра за бенефиции и пакет за даночно олеснување.

Оставете Коментар