Ципрас подготвува владина реконструкција, Коѕиас ќе преживее

Уште во текот на неделава грчкиот премиер Ципрас би можел да објави реконструкција на владата во пресрет последната година од мандатот пред изборите кои во редовен термин треба да се случат догодина во октомври.

“На Владата и треба освежување пред следните избори” брифирал за Ројтерс висок владин претставник кој ја најавил реконструкцијата.

Според трите последни истражувања на јавноста Сириза заостанува за Неа Демократија меѓу 5,3 и 1,6 проценти.

Според најавите од Атина постои голема можност реконструкцијата да ја преживеат министрите за финансии и надворешни работи Цакалотос и Коѕиас а да биде сменет министерот за внатрешни Скурлетис.

Засега од Атина нема анализа како овој потег на Ципрас ќе се одрази на договорот со Македонија кој треба да биде ратификуван во парламентот а владата нема доволен број поддржувачи.

SHARE