Ципрас: „Последните метри се најтешки“!

Loading...

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и денеска беше внимателен оптимист околу прашањето за спорот со името на Македонија, кога на твитер напиша дека „последните чекори се секогаш најтешки“, оценуваат грчки медиуми.

Твитот го напишал по средбата со лидерите на европските социјалистички партии во Софија кои, како што напиша Ципрас, „ги поздравија нашите напори за да најде взаемно прифатливо решение за името“.

Претходно,  Ципрас за грчките новинари изјавил дека неговите очекувања за утрешната средба со македонскиот премиер Зоран Заев се „многу големи“.

Од своја страна и запрашан за истото,  Зоран Заев посака утрешниот состанок „да биде успешен“.

Состанокот на двајцата премиери, кој беше „договорен“ во саботата по тројниот состанок на министрите Коѕијас и Димитров со медијаторот Метју Нимиц во Сунио, треба да се одржи утре, но тие ќе се сретнат и вечерва на заедничката вечера со лидерите од ЕУ, пишуваат грчки медиуми.

2 Коментари

Comments are closed.