Ципрас вели уште не може да се зборува за договор!

Loading...

На прес конференција во Софија попладнево грчкиот премиер Алексис Ципрас рече дека „сé уште не сме во позиција да зборуваме за договор“, а во врска со средбата со македонскиот колега Зоран Заев истакнувајќи дека последните чекори од договорот се „најтешки“.

Ципрас информираше дека имал можност трипати да се сретне со неговиот македонски колега, две минатата ноќ, и една прертпладнево. Всушност, тој рече дека минатата ноќ двајцата премиери имаа значителни разговори во релаксирана клима.

„Преговорите беа многу значајни, напредокот што беше постигнат минатиот викенд од страна на министрите за надворешни работи со учеството на Метју Нимиц во Сунио беше значителен, но сé уште има неколку прашања“, рече Ципрас.

Запрашан за изјавата на Зоран Заев, кој на прес конференција претходно рече дека е утврдена опција прифатлива за двете страни за време на состанокот, премиерот одговори дека „има разни размислувања за критичните и отворени прашања“ пренесуваат грчки медиуми.

Ципрас рече дека грчките позиции остануваат, пренесе грчкиот сервис на Си-ен-ен.

„Бараме да најдеме решенија за сите критични прашања без да го смениме она што ние го нарекуваме црвени линии“, рече Ципрас.

Тој истакна дека „ние не бараме кревок договор кој може да се изгуби во рок од неколку месеци, туку договор што ќе го издржи времето што ќе го прифатат нашите народи со почит кон историјата и чувствата. Секогаш последните чекори на патеката се најтешки“, рече грчкиот премиер.