Министерот за одбрана и неговата „Независни Грци“ се претвора во непредвидлив фактор за иднината на владата, коментира CNN-Greecе, поради што премиерот Алексис Ципрас и неговите колеги се зпринудени да се подготват за сите сценарија во наредните недели.
Во владејачката СИРИЗА веќе почнаа да бројат колку пратеници може да се додадат на нивните 145 пратеници кои моментално ја сочинуваат најголемата парламентарна група.
Пратеникот на „Потами“ Спирос Данделис се чини дека е извесно да се приклучи, по неговата вчерашна изјава дека може да има ново мнозинство од сегашниот парламентарен состав во кој има 300 пратеници.
Исто така може да се смета и на заменик-министерката за цивилна заштита Катерина Папакоста, откако могумина сметаат дека министерското место ѝ било дадено за да биде додадено „во „торбата“ гласови кога тоа ќе биде потребно.
Три члена на парламентарната група „Независни Грци“(АНЕЛ) имаат отворени канали за комуникација со СИРИЗА.
Со овие бројки, бројот на пратеници на страна на владата достигнува 150.
Како резултат на тоа, Алексис Ципрас може да побара уште едно гласање за обезбедување мнозинство, доколку е потребно и тој смета на независниот пратеник Харис Теохарис и на Јанис Саридис: Првиот веќе се изјасни позитивно за преспанскиот договор, а вториот сака да држи добри контакти со СИРИЗА.
Последните политички случувања ќе бидат детално разгледани за време на дводневната седница на Политичкиот секретаријат на СИРИЗА, која започнува денес.
Важни членови на партијата сметаат дека е штетно да се продолжи со соработката со АНЕЛ и бараат премиерот да истражат други можности (за обезбедување мнозинство од 151 пратеник)
Единствено што е сигурно во моментот е дека владата е решена да го ратификува Преспанскиот договор во грчкиот парламент, доколку Зоран Заев успее да ги направи потребните уставни измени.
Дотогаш и во зависност од случувањата, ќе се планираат следните потези.