Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, низ смеа и со умористична изјава ги коментираше изјавите на неговиот партнер во владата, Панос Каменос, дадени во САД.

Новинарите побараа од премиерот одговор дали разговарал со министерот за одбрана кој предизвика гнев во Грција со неговите изјави за „”мало НАТО“ на Балканот и за „план Б“ во замена на, според негови проценки, неуспешниот преспански договор.

„Во САД има ураган, но не се вика Панос, туку се вика … Мајкл“, рече Алексис Ципрас со насмевка, оставајќи ги новинарите без одговор, пренесе „Ефимирида“.

Да потсетиме, американската сојузна држава Флорида во изминативе 24 часа е под силен удар на ураганот со име „Мајкл“ кој со ветрови што достигнуваат 250 километри на час урива се пред себе.

Нервоза во Атина од „планот Б“ на Каменос

 

SHARE