Грчкиот премиер Алексис Ципрас пред Европски парламент ги проблематизира уверувањата од неговиот македонски колега Зоран Заев дека договорот од Преспа го зајакнува македонскиот идентитет, нарекувајќи ги словенски и земјата, и јазикот.

„Се надевам дека сè ќе оди според планот и дека за неколку месеци земјата ќе ги смени името и Уставот, дека ќе биде Северна Македонија. Сите овие претходни години, кога беше на власт претходникот на Заев, кога господинот Груевски доаѓаше во Европарламентот, како се нарекуваше? Вашите колеги како го нарекуваа? Дали мнозинството во ЕПП го нарекуваа ‘од Скопје’? Ова е Европски парламент, не можеме да се однесуваме како во грчкиот Парламент и да ја сметаме оваа тема за табу, да ја закопуваме главата во песок. Знаете дека со години ја стававме главата во песок, а реалноста беше поинаква – 140 земји, меѓу нив и најмоќните, како САД, Кина, Русија, ја признаа оваа земја под нејзиното уставно име што го имаа 25 години, а нејзиното уставно име е само Македонија. Груевски и сите други лидери ја нарекуваа Македонија и никој не изгледаше иритиран од тоа. Не се жалите што и покрај тоа Заев и неговите граѓани доаѓаат во Грција и тоа е добро што доаѓаат на одмор на нашето крајбрежје и ја помагаа нашата економија. Тие влегуваа во Грција со пасош на кој стои ‘Република Македонија’. Ако ја смениме ситуацијата, тие ќе доаѓаат како граѓани на Северна Македонија. Уште поважно, можеби поважно од сè друго, е фактот што секој премиер на оваа земја во иднина ќе потврди дека нивната земја е словенска земја и нивниот јазик е словенски. Ова не беше случај сè досега“, изјави Ципрас како одговор на прашањето за него во врска со претстојниот референдум во Македонија.

 

1 Коментар

Оставете Коментар