Цивилите во Македонија меѓу 25 најнаоружани во светот!

По вкупниот број на огнено оружје, 29,8 парчиња на 100 луѓе, граѓаните во Македонија се на високото 13 место во светот.

На прво место на списокот на најнаоружани граѓани на светот се оние во САД – располагаат со 393 милиони огнено оружје – односнопо  120,5 парчиња оружје на 100 жители.

На второ место е Јемен – 52,8 парчиња оружје на 100 жители.

Црна Гора и Србија се наоѓаат на третото место во светот,и на прво место во Европа со 39,1 на 100 жители.

Босна и Херцеговина е на 11 место, со 31,2 парчиња.

На списокот на 25 највисоко рангирани држави е и Косово кое е рангирано  на 18. место, со 23.8 парчиња на 100 жители.

Според истражувањето на Женевската Институтот за меѓународни студии, на крајот на 2017 година во светот имало повеќе од една милијарда парчиња огнено оружје.

Според Ал џезира, од тој број, 857 милиони парчиња или 84,6 проценти биле во сопственост на цивили.

Оставете Коментар