ЦРМ потврди дека шестмина функционери патувале во Боцвана

Централниот регистар на Република Македонија ги потврди информациите дека нивни претставници службено патувале во далечната африканска држава Боцвана на меѓународна конференција.

Според соопштението лиферувано до јавноста Централниот регистар на Република Македонија во Боцвана учествувал на конференција на каде е преземено претседателството на „Светскиот корпоративен регистарски форум 2019“.

„Огромна чест и задоволство ни е да објавиме дека Република Македонија и Централниот регистар по работните сесии предвидени во агендата на CRF 2018 и по одржаното генерално собрание на извршниот комитет, го превзема претседателството на форумот за 2019 година. Во изминатиот период Централниот регистар напорно работеше на проектите кои ќе бидат главен мотив и мото за меѓународните претставници, а високата делегација, предводена од Директорот на Централен регистар под мотото-Трансформирање на регистрите во меѓународни провајдери, без граници, најави дека потребен ни е современ пристап кон потребите на бизнис секторот и граѓаните, проекти кои се доволно флексибилни за да им овозможат на корисниците едноставен пристап до новите услуги и да бидат во чекор со постоечките“.

Порталот Svest.mk до ЦРМ поствавува неколку прашања за остварената посета на Боцвана.

1. Зошто на толку далечен и скап пат морале да патуваат најмалку 6 а според други непотврдени сознанија 8 македонски административци.

2. Колку чинело ова патешествие до Боцвана ако на интернет може да се види дека најефтината карта до градот Габороне во Боцвана каде се одржувала конференцијата е околу 1000 евра а авио картите за владини институции се секогаш поскапи.

3. Колку пари се потрошени за сместување за екипата од шест луѓе во Боцвана и што тоќно работеле членовите на тимот во текто на една недела од службеното патувањее освен што оделе на сафари.

4. Кој е интересот на Македонија да презема вакви сериозни глобални организациски проекти со земји кои што немаат речиси ништо заедничко со главниот приоритет на Македонија кој е поврзан со Европската Унија.

Целиот текст на СВЕСТ.МК

SHARE