Црна Гора нема да биде засолниште за мигранти

Душко Марковиќ, црногорскиот премиер, изјави дека оваа земја нема да биде засолниште за мигрантите во име на Европската унија.

Црна Гора нема кампови за мигранти и оваа земја нема да биде нивно засолниште во име на Европската унија, рече црногорскиот премиер Душко Марковиќ.

Марковиќ вели дека стабилноста и безбедноста на граѓаните се во преден план и дека државата е способна да го обезбеди тоа.

„Ние внимателно ја следиме дебатата во ЕУ и како се справува со причините за миграциски бранови. И покрај тоа што не е исто како во 2015 година, владата работи на сите полиња за подобро регулирање на миграциските процеси, особено во однос на контролиран влез во земјата“, рече тој.

Сепак, Марковиќ рече дека, во случај на пристигнување на повеќе мигранти во Црна Гора, се планира реконструкција на една гранична караула каде што ќе се сместат, пренесува Радиотелевизија Црна Гора.

Пред два дена и албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија нема да дозволи изградба на мигранстки камп.