Црни сценарија за Македонија ако Косово и Србија разменат територии

Македонија и Босна и Херцеговина ќе бидат следни за имплементирање на етнички базирани решенија на Балканот откако стана јасно дека меѓу Косово и Србија може да има размена на територии, тврди Агрон Бајрами првиот човек на најтиражниот и највлијателен весник во Косово Коха Ди Торе.

Според Бајрами кој цитира изјава на советникот за национална везбедност на претседател Трамп, Џон Болтон, децениските напори против етнички решенија на западот пропаѓаат.

Во изјавата Болтон од Киев порача дека САД нема да се противат на секое решение вклучително и размена на територии доколку тоа го договорат Белград и Приштина.

“Размената на територии меѓу Косово и Србија е на маса. Сега Могерини може да посредува во разговори за статусот на Северно Косово и Прешевската Долина. Децениските напори на западот против етнички базирани решенија се фрлени низ прозор. Сега следуваат Босна повторно, како и Македонија”, смета главниот и одговорен уредник на Коха Ди Торе.

SHARE

Comments are closed.